Grok 3 нов супер модел на xAI

Screenshot from X video

Компанијата xAI на Илон Маск го претстави својот најнов AI модел, Grok 3. Заедно со надградбата дојдоа и нови можности за Grok iOS и веб-апликациите на Grok. Новиот модел претставува значителен скок во однос на претходникот, Grok 2. Креаторите на Grok, и Илон Маск ветуваат нови стандарди во светот на вештачката интелигенција.

Ако им веруваме на податоците од презентацијата, најновиот модел на xAI има подобри резултати од GPT-4o, Gemini и DeepSeek V3. Засега станува збор за рана фаза на тестирање, но моделот сега има и напредна функционалност за „разбирање“. Ова е слична функционалност како оние кои се достапни на o3-mini или DeepSeek R1.

Grok 3 бил во развој неколку месеци. Моделот е трениран во огромниот, и можеби најголемиот податочен-центар, лоциран во Мемфис. Центарот има околу 200 000 графички процесори. Маск потенцираше дека за обуката на Grok 3 биле искористени десет пати повеќе компјутерски ресурси во споредба со Grok 2. Дел од документите на кој е тренирана оваа верзија на Grok содржи и судски документи.

„Grok 3 е многу подобар од Grok 2. Тоа e вештачка интелигенција која максимално ја бара вистината, дури и ако таа вистина понекогаш е во спротивност со она што е политички коректно.“, кажа Маск на презентацијата во живо.

Новата верзија не само што е побрза и попрецизна, туку и воведува цело семејство модели. На пример Grok 3 mini е побрз модел. Жртва на поголемата брзина во овој модел е точноста, па корисникот може да добие резултати кои се понеточни. Напредниот модел Grok 3 Reasoning и Grok 3 mini Reasoning се дизајнирани за подлабоко размислување и поточни податоци. Засега не се достапни сите модели, некои се во бета верзија, но ќе започнат полека да излегуваат следната недела.

Според xAI, Grok 3 ги надминува конкурентите како GPT-4o од OpenAI и Gemini од Google на повеќе тестови. Тука се вклучени и новиот AIME бенчмарк тест за математика, и GPQA за прашања на докторско ниво во области како физика, биологија и хемија. Новата функционалност DeepSearch овозможува пребарување и анализа на информации преку интернет и X.

Лоша вест е дека Grok 3 во прво време ќе биде достапен единствено за претплатниците на Premium+ планот на X. За жал X Premium Plus претплатата сега е значително повисока и изнесува 40 долари. Во Македонија цената на Premium+ месечната претплата засега е 22 долари. За дополнителните функции како DeepSearch и неограничена генерација на слики X ќе воведе нова SuperGrok претплата. Претплатата ќе чини 30 долари, но засега е нејасно дали ова ќе биде одделна претплата или ќе биде уште дополнителни 30 долари кои ќе треба да се платат.

Grok 3 носи значителни подобрувања во можностите на вештачката интелигенција. Маск и во минатото претерувал со фалењето. За точни тестови ќе мора да почекаме, но повеќе конкуренција секако е добредојденa.

Наскоро xAI планира да додаде функција за гласовна интеракција и да го направи Grok 2 со отворен код кога Grok 3 ќе стане стабилен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk