0 коментари 2 мин. читање 5 февруари, 2016

Грешка во GPS сателитите го измести светот

Грешка на 15 GPS сателити предизвика сериозни проблеми кај неколку компании чиј проток на податоци зависи на апсолутната точност на времето. Проблемите од 12 часа ги предизвика наизглед минимална грешка – поместување на GPS сигналите за 13 микросекунди, јави BBC.

Грешката ја забележа компанијата Chronos која ги регистрира и мониторира временските разлики. Поради ова неколку телекоми имаа 12 часови проблеми во работата. Иако грешката е од системски софтвер на земјата, а започна со повлекувањето на еден од сателитите. Времето е клучно за синхронизација на протокот на информации, па дури и минимални отстапувања можат да направат сериозни проблеми. За среќа важноста на синхронизација придонесува системите да имаат и резерва, која веднаш се вклучи, па корисниците не забележаа никакаков проблем.

Грешката во софтверот кој е на земјата уште е присутен, но 2nd Space Operations Squadron имплементираше процедура со која се обезбедува да нема проблеми, вели USAF.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top