Alta е најновата фитнес алка од Fitbit, која сепак не е наменета за фитнес фанатиците, туку за обичните корисници. Најверојатно токму поради ова, за разлика од останатите паметни алки на Fitbit, Alta е дизајнирана поубаво и поедноставно. Цената на Alta e 130 долари, а уредот е веќе достапен во претпродажба.
Алката може да брои чекори и спиење, и има интересна функционалност која е наменета за корисниците кои сакаат да вежбаат, но забораваат. Така доколку корисникот седи предолго, Alta со вибрации ќе го извести дека е време за размрдување. Доколку Fitbit сака да продолжи да биде конкурентен, ќе мора да ги освои и мотивира овие корисници.
Алката може да се поврзе со Bluetooth со iPhone или со Android телефон, а покрај можноста за работа на повеќе платформи, автоматизираноста на алката е дополнителнo интересна можност при рекламирањето. Alta благодарените на технологијата и напредните алгоритнми, автоматски ќе започне да го следи корисникот кога ќе започне со вежбите.







