0 коментари 2 мин. читање 5 февруари, 2016

Google банира сајтови со бескорисно Download копче

Збогум глупави, здодевни и бескорисни „download“ копчиња кои не водат никаде. Google започнува со блокирање на вебсајтовите кои имаат лажни копчиња за преземање на содржина.

За волја на вистината дел од овие страни имаат и вистински копчиња за преземање на содржини, но за разлика од огромните копчиња кои ве носат на сосем различно место, вистинските линкови за преземање на содржина се малечки и затскриени. На Google му здодеа од оваа пракса и сите веб сајтови кои го практикуваат ова ќе добијат, најверојатно уште поздодевно известување кое ќе ги извести корисниците дека сајтот практикува „трикови кои сакаат да ве наведат да направите нешто што не сакате како: инсталација на софтвер или да дојдат до телефонскиот број, лозинка и податоци за кредитната картичка“.

SBWarnBlur-640x425

Дел од легитимните страници кои нудат софтвер како CNet или Sourceforge кои имаат лажни копчиња за преземање ќе бидат опфатени со забранaта, јави Ars Technica.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top