GoPro може да го смени преносот на спортските натпревари

во Хардвер

Доколку викендов го гледавте NHL All-Star натпреварот, тогаш веројатно ги забележавте GoPro камерите на главите на хокеарите, но и деловите во преносот каде можевте да видите што гледаат спортистите за време на играта. „Верувам дека ќе биде интересно за гледачите подобро да разберат што гледам и како го следам пакот“, вели Хенрик Лунгквист, голман на New York Rangers.

[youtube]F1jpCBPiWS4[/youtube]

За гледачите оваа нова понуда би можела да биде навистина интересна, а со оглед на тоа дека станува за минијатурни камери, не би требало да претставуваат проблем ниту за спортистите. Сепак за сега, компанијата размислува единствено за спортови кои имаат потешка опрема како хокеј или американски фудбал, каде тежината на GoPro камерите во однос на остатокот на опремата е занемарлива.

GoPro најавува дека видеата од професионалните спортови ќе бидат објавени заедно со останатите видеа на нивниот сајт. Професионалната хокеј лига NHL сепак најави дека правата за пренос и снимки од натпреварите без разлика како се снимени остануваат во нивна сопственост, јави Quartz.

[youtube]HbEmYRySYPw[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments