Откако беа најавени лани, коценптот дека ќе може сами да составуваме модуларни телефони звучеше малку нереално. Се до сега. Google го стартува Project Ara. Иако можеби ќе задоцнат, модуларните телефони наскоро ќе се појават во продавниците, а прва локација на Project Ara e Порторико. Вестите доаѓаат од кампусот на Google, Mountain View, каде се одржа конференцијата посветена на Project Ara.
Google истовремено ја презентираше и апликацијата со која корисниците ќе можат да си изберат компоненти и да го склопат својот телефон. Апликацијата е креирана со Material Design и овозможува, на пример, доколку гледате од задната страна, со повлекување надолу да ја промените бојата за селектираниот модул. Апликацијата доаѓа со неколку екрани на кој можете да ги разгледате карактеристиките на телефонот, а доколку сте задоволни може да селектирате финализација и апликацијата ќе ви го прикаже телефонот, цената, дел од спецификациите и процена за траењето на батеријата, вели Verge.
Сепак до првите Project Ara да се појават на рафтовите во продавниците Google планира да направи уште неколку работи. Најпрво сакаат пред излегувањето на телефонот да имаат 20-30 модули во десетина категории. Па компанијата благодарение на тестирањата во Порторико веќе тогаш би знаеле што е интересно за корисниците, а што не е. Друг предизвик кој сака да го реши Google пред излегување на телефонот, e креирање на уред кој ќе биде конкурентен со телефоните од висока класа. Можен модел е Spiral 3 модел кој Google го планира за сите кои не сакаат сами да си склопат телефон, туку би можеле да го земат како што е со однапред склопена конфигурација. Телефонот би доаѓал со сличен хардвер како поскапите уреди, LTE и батерија која би траела еден ден помеѓу полнењата.
Конечно Google најави и дека пред официјалниот почеток на продажбата на телефоните ќе испратат неколку комбиња, налик на комбиња за храна кои ќе им ги презентираат Project Ara на граѓаните, како би имале подобар преглед за што се заинтересирани идните купувачи.
[youtube]intua_p4kE0[/youtube]








