Galaxy S5 e одличен телефон, но корисниците очекуваат нешто повеќе

Samsung сигурно ќе биде задоволен што првите рецензии на новиот Galaxy S5 се позитивни, но ќе биде и разочаран бидејќи за разлика од претходниците, сите рецензенти се речиси едногласни дека Galaxy S5 не носи голема инвовација. Најголем број од коментарите се воздржани, иако можеби е најдобра констатацијата на Phonearena кој заклучуваат дека кога луѓето ќе се навикнат дека го имате најдобриот производ растат и очекувањата.

[youtube]j6eaWZ9-_J0[/youtube]

Секој дел на хардверот е подобат од соодветниот кој се наоѓа во Samsung Galaxy S4. Така на пример камерата на S5 е речиси неспоредливо подобра, екранот е поголем за 0,1 инч што и не е премногу забележливо. Освен ова S5 е првиот телефон со 802,11ас WiFi и 2х2 MIMO што овозможува побрза WiFi интернет врска. Тука е и батеријата која има 20 отсто поголем капацитет и ultra power-saving кој овозможува 24 часовна работа со основните функции на телефонот (SMS и разговор) откако батеријата ќе се испразни до последните 10 отсто.

„Во овој момент тешко е да бидете изненадени од Samsung Galaxy S. Новиот телефон е побрз, доаѓа со поголем екран и малку полесен од претходниот модел – но ова може да го кажете за секој следен модел на Galaxy“, вели Venturebeat.

Клучна разлика со Galaxy S4 е и оперативниот систем. Новиот телефон доаѓа со Android 4.4.2 KitKat. Телефонот доаѓа без Samsung Hub и главен акцент на аликациите кои доаѓаат од Samsung е фитнесот и здравјете, а во оваа насока е сензорот за мерење на пулсот кој е поставен на задната страна на телефонот.

„Како резултат [на барањата на корисниците] компанијата одлучила да ги направи подобрувањата во петте клучни области кои корисниците ги барале од нив: камера, мрежа, здравје, фитнес и безбедност… Samsung го исчистил корисничкиот интерфејс со отстранување на дел од сопствените апликации и услуги. На пример Samsung Hub повеќе не доаѓа со телефонот иако може да се превземе од App Store. Единствените сервиси од Samsung кои доаѓаат со телефонот се ChatOn, S Health, S Voice и Samsung apps“, константира Re/code.

И Techradar се согласува дека доколку сакате подобра камера, посветол екран, побрз процесор и подобар дизајн, тогаш „Galaxy S5 е токму тоа што го барате“. Но, CNET не се преголеми фанови на новиот Galaxy S5, па ги советуваат сите кои не се импресионирани од скенерот на отпечатоци и мониторот на пулс, да почекаат додека HTC не го претстави HTC One 2.

[youtube]71AwicZx19w[/youtube]

Сепак никој не е помалку импресиониран од новиот Samsung Galaxy S5 од HTC и Nokia кои ја започнаа својата антикампања на Twitter.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments