1 коментар 1 мин. читање

Chrome веќе не поддржува H.264 видео стандард

„Иако H.264 игра влијателна улога во видеото, нашата цел е да се овозможи отворена иновација, така поддршка за кодекот ќе биде тргната и нашите ресурси ќе бидат насочени кон комплетно отворените кодек технологии.“, вели Google.

Со креирање на новите HTML5 стандардите се очекува H.264 кодекот ја замени потребата од Adobe Flash кој се користи за повеќето веб видеа, но кој не работи на мобилни уреди, пред се на iPhonе. Apple и Microsoft се меѓу компаниите кои го поддржуваат користењето на H.264 кодекот заради неговите перформанси, и кои можат да се спротивстават на Google.

Проблемот кој го наведува Google е што H.264 e патентиран и за негово користење интернет прелистувачите треба да платат лиценци, додека за WebM кодекот, кој е поддржан од Google, Mozilla и Opera, е со отворен код и не треба да се плаќа за негово користење.

Тоа што е интересно е што и YouTube и Android имаат поддршка за H.264, а корисниците на Chrome сега ќе го компензираат тој кодек со Adobe Flash кој е интегриран во самиот прелистувач, компензација која најверојатно ќе ја користат и другите дистрибутери на видео кои ќе го користат H.264 како стандард, а ќе го заменат WebM со Flash.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top