Google+ тестира веб реклами направени од постови на брендови

Еран Аркин од Google објави дека гигантот започнува со тестирање на +Post Ads, опција која на компаниите ќе им овозможи да го претворат своите постови во реклама која ќе биде прикажана на сајтовите од Google Display Network.

„Спојувањето на можностите за споделување на Google+ и дофатот на нашите реклами веќе дозволува на огласувачите за подобро поврзување со корисниците и за корисниците за подобро да споредат што мислат останатите корисници. +Post Ads ќе овозможуваат конверзацијата да започне во просторот за рекламата, и корисниците ќе можат да го споделат видеото оставајќи простот за коментари за брендот или дури да се вклучат во разговор на Hangouts.“

Новите начин за рекламирање е обид на Google да ја монетизира друштвената мрежа со реклами кои се наменети за „современите корисници кои постојано ги користат друштвените мрежи“. Коментарите ќе може да бидат оставани директно на рекламите што ќе го направи рекламирањето интерактивно, а корисниците ќе бидат дел од ланецот на рекламирање. Засега во бета фазата учествуваат +Toyota USA, +RITZ crackers и +Cadbury UK, а според Google овие компании имаат 50 отсто поголема експанзија на рекламите од просекот.

[youtube]4yCUgx7H2zo[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments