0 коментари 1 мин. читање

Google+ страниците ќе можат да се менаџираат преку други апликации

Минатата недела Google+ конечно се збогати со официјални страници за брендови и компании, и после само една недела веќе овозможува новите Google+ страници да се водат од апликации за менаџирање на друштвени профили. Како за почеток, Google+ ќе биде достапен на шест апликации за менаџирање на друштвени профили: HootSuite, Involver, Buddy Media, Context Optional, Hearsay Social и Vitrue. Овие апликации моментално не овозможуваат да се водат лични Google+ профили.

Овие апликации за менаџирање на друштвени профили и страници ќе им овозможат на компаниите да ги контролираат своите Google+ кругови, да споделуваат содржини на друштвената мрежа и да го надгледуваат користењето на своите страници. Според блогот на Google Ad Words, како причината зошто горенаведените апликации се одбрани се наведува нивното големо искуство во помагање на компаниите и брендовите да го менаџираат своето присуство на друштвените мрежи.

Сепак Google+ страниците сè уште имаат недорешени проблеми кои им пречат на брендовите и компаниите. Дел од овие проблеми се: Google+ страница може да има само еден администратор, немањето сопствено URL и лесното креирање страници овозможува појавување на лажни страници, и можеби најголемиот проблем е тоа што компаниите и брендовите не смеат да прават промотивни активности директно од нивните Google+ страници.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top