0 коментари 2 мин. читање 26 ноември, 2009

Google стартува повизуелни реклами

{mosimage} Текстот е често корисен, но понекогаш видеата и сликите се поефективен начин да се сподели информација, пишува Google во својот блог пост во кој го најави новиот формат на нивните реклами.

Рекламите остануваат текстуални само што им е додадена опција со визуелни елементи: видео, слики, мапа… Со ова рекламите стануваат поголеми и поприметливи. Исто така рекламите ги прикажуваат и цените на производите, кои можат и да се споредат.

Еве пример за новиот формат на реклами.

{mosimage}

{mosimage}

Google пред неколку дена најави дека ќе ја купи Teracent , компанија која работи со визуелни (банер) реклами. Софтверот на Teracent овмозможува објавување на неколку варијанти на иста реклама, а самата реклама работи така што менува слика, порака и боја зависно од локацијата на потрошувачот….

„Технологијата на Teracent може да искористи буквално илјадници креативни елементи на визуелна реклама во реално-време – менувајќи ги сликите, продуктите, пораките и боите. Овие елементи можат да бидат оптимизирани според најразлични фактори како географска локација, јазик, содржина на веб сајт, време во ден или претходно искуство со различни реклами.“ пишува Google.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top