1 коментар 2 мин. читање 28 јули, 2014

Google со "The Human Body" експериментот ќе се обиде навремено да детектира болести

The Human Body (Човечкото тело) е новиот „moonshot“ проект, на кој ќе работи истражувачкиот оддел Google X Labs,

Проектот започнува со прибирање на молекуларни и генетички податоци од 175 здрави луѓе. Понатаму план е да бидат анализирани уште илјадници, со цел да се креира јасна слика за сите податици со кои се одликува здравиот човек.

Во текот на тестовите ќе се собираат телесни течности, како крв и плунка, по што ќе бидат анализирани во Google X Labs, но и од научниците во Универзитетот Дјук и Универзитетот Стенфорд кој уште подетелно ќе ги испитаат.

Овие податоци од здравите луѓе ќе бидат користени за споредба со сите понатамошни отклонувања и недостатоци. Секое отклонување од „здравиот“ баланс ќе биде аларм кој ќе биде показател дека можеби треба медицински да се интервенира. Можноста да се добијат податоците за хемиски дисбаланс ќе овозможи болестите да се превенираат или лекуваат многу порано, а со тоа и дел од нив да бидат спречени.

„Доколку успееме да детектираме дел од овие промени порано, во првиот момент кога ќе започне да се поместува од здравата хемија, ова може да промени како болестите се пронаоѓаат, лекуваат или превенираат“, објави Google.

Овој правец на истражување воопшто не е изненадувачки за Google, ако се земе во предвид дека компанијата уште во 2008 го започна сега веќе откажаниот проект Google Health, во 2010 објави алатка наречена “Google Body Browser” а и познат факт е дека Google инвестираше во стартапот за истражување на ДНК, 23andme, кој беше основан од бившата жена на Сергеј Брин, ко-основачот на Google.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Lidija Zafirovska
11 years ago

Внесете го текстот тука!

Мени
Заедница
Изглед
To top