Watson на IBM ќе им помогне на војниците да станат подобри цивили

Супер-компјутерот на IBM Watson, кој стана познат откако успеа да победи против луѓе на квизот Jeopardy!, има ново задолжение, да им помогне на поранешните војници да се вратат во цивилство.

Станува збор за слична апликација како услугата – грижа за корисници со која Watson го користи своето знаење за да одговара на прашањата на корисниците. Овој пат прашањата ќе доаѓаат од поранешни воени лица, а ќе се однесуваат на тоа како да се префрлат во улогата на цивили од активната служба.

„Ставањето на Watson во рацете на потрошувачите е пресврт кон подобруввање на начинот на кој работиме и живееме.  Веруваме дека сервисот ќе им помогне на мажите и жените кои и служат на својата земја да добијат навремен и релевантен увид во чекорите кои треба да ги преземат за враќање во цивилен живот“, вели Мајк Родин од IBM.

Watson ќе одговара на најразлични прашања пребарувајќи по сите информации кои му се достапни. Така дел од прашањата за кои ќе биде „задолжен“ се од тоа што покрива осигурувањето или кои се придобивките од кариерата во војската кои се пренесуваат во цивилството, па дури ќе им објаснува на војниците како да пронајдат работа или да купат куќа или стан.

Сервисот доаѓа на барање на USAA и ќе биде прва ваква примена за Watson. Супер-компјутерот досега работеше како асистент на лекарите и како супер готвач, а неодамна со помош на Cognea, IBM најави дека ќе се обиде да му донесе карактер на компјутерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk