3 коментари 2 мин. читање 21 септември, 2011

Google+ сега е достапен за сите

Доколку сакате да отворите Google+ профил веќе не ви е потребна покана, Google+ сега е достапен за секој кој сака да си отвори свој профил. Сè што ви треба за да се регистрирате на Google+ е да се упатите на plus.google.com, и да кликнете на „Create an account“. Се разбира за да го сторите ова потребен ви е Gmail профил.

Според Вик Гундорта, одговорниот за друштвените мрежи во Google, по 90 дена од стартување на Google+ се направени 100 различни подобрување. Според него, Google+ е сè уште на почеток, но „сме возбудени да го донесеме богатството на реалното споделување во софтверско.

Google+ освен тоа што сега е достапен за сите, исто така конечно се збогати и со можност за пребарување. Па така сега можете да најдете било што на Google+ користејќи го пребарувачот, кој до сега немаше и некоја голема улога. Доколку сакате да најдете нешто само пишете го тоа што го барате во пребарувачот, и како резултати ќе добиете содржини споделени на Google+, луѓе на Google+, како и популарни содржини од целиот веб.

Потегот на Google да го направи Google+ отворен за сите е одговор на новините кои се најавени од страна на Facebook. Многумина веќе го имаат новиот изглед кој Facebook планира официјално да го најави на својата конференција f8, заедно со новата музичка платформа. Google+ од својот почеток па до сега има повеќе од 25 милиони корисници и се претпоставува дека потегот да се направи подостапен до сите ќе предизвика таа бројка да порасне на 100 милиони до крајот на 2011.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
georgij
georgij
14 years ago

за мене сеуште не е

Darko
Darko
14 years ago

haha da…

trajko
trajko
14 years ago

сега не е интересно xD

Мени
Заедница
Изглед
To top