Facebook со промени на фидот за вести, ќе биде како „персонализиран весник“

во Друштвени мрежи

За само една недела Facebook најави купишта новини на како ја прегледуваме и споделуваме содржината, и тоа пред почетокот на f8 конференцијата накоја ќе се претстават аудио и видео платформите.

Сега e најавена промена на News Feed, односно на начинот на како ги добивате вестите и новите статуси од пријателите и фан страните кои ги следите. Промените не се активни, но ќе стартуваат во четвртокот по започнување на f8.

„Сега, News Feed-от ќе се однесува како личен весник.“, вели Facebook. Сите ваши вести ќе бидат во еден единечен стрим со најинтересните вести истакнати најгоре. Кога ќе го отворите Facebook, првите нешта што ќе ги видите ќе бидат најинтересните нешта кои сте ги пропуштиле додека не сте биле онлајн. Овие вести ќе бидат означени со син ќош.

Доколку го посетувате Facebook често, а поголемиот дел од корисниците тоа го прават, тогаш вестите ќе бидат подредени хронолошки. Ќе постои и можност за означување на весите како Top Stories.

Сега и сликите на Facebook ќе бидат истакнати повеќе и ќе бидат поголеми. Според Facebook, ова е нешто што корисниците најмногу го барале. Facebook неодамна овозможи закачување и преглед на слики со повисока резолуција, па целта е да се искористи квалитетот и да се добијат попрегледни фотографии во самиот фид.

Дополнително додаден е Ticker, страничен бар кој ќе содржи информации за пријателите. Преку овој бар е во реално време, односно ќе се добиват инстантни информации за кој сега е пријател со кого и други слични информации, кои до сега беа вметнувани фидот. Ова ќе овозможи самиот фид на вести да биде почист, односно да се добива споделената содржина, додека преку Ticker-от да се следат активностите на пријателите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk