Google продолжува со преземање на чекори против лажните сајтови и реклами

во Веб, Вести

Забрана за огласување на 200 сајтови е одговорот на Google за сите оние кои шират дезинформации. Овие страници повеќе не се квалификуваат за огласи од Adsense рекламната мрежа на Google.

Компанијата досега забрануваше огласи кои лажно презентираа некои продукти. Ова секако нема да им забрани на страните да објавуваат лажни вести, но ќе им оневозможи заработка преку AdSense, кој важи за еден од најдобрите начини за онлајн заработка.

Веб-страниците кои објавуваат лажни приказни сега се на иста листа со страниците кои продаваат лажна диплома или плагијат есеи. Во последните два месеци од 2016, Google прегледа 550 веб-страници кои беа под сомневање за објави на лажни вести. За 340 од овие страници се преземени мерки, а 200 издавачи се засекогаш отстранети од мрежата, јави Google.

Image: Google

Истовремено Google објави дека во 2016 отстрани 1.7 милијарди огласи. Најголем дел од овие огласи се отстрануваат за лажно претставување на производи. Но, за прв пат се отстрануваат и страници со линкови кои наликуваат на вести, кои по кликнување на корисникот го водат до други сајтови со реклами.

Во извештајот на Google нема податоци за издавачите и страниците кои се отстранети. Најчести измами во 2016 се поврзани со страници кои нудат губење килограми, дури 47.000. Над 15.000 страници се отстранети поради несакан софтвер, а 900.000 реклами се отстранети поради malware.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk