0 коментари 2 мин. читање 27 јануари, 2017

Facebook претстави USB безбедносни клучеви за авторизација

Најголемата друштвена мрежа најавува физички клучеви за авторизација. Со клучевите компанијата ќе овозможи двојна авторизација на корисниците.

Вообичаено двојна авторизација се остварува преку SMS пораки или преку апликација на паметен телефон. Ова е поевтино и подостапно решение за корисниците, но според Facebook, методот има недостатоци.

Поради ова друштената мрежа веќе овозможува регистрирање на физички USB клучеви за заклучување на профилите. Клучевите ќе поддржуваат Universal 2nd Factor (U2F), а можат да се купат од компании партнери на друштвената мрежа.

Користењето на двојна авторизација и крипто U2F клучеви има неколку предности:

  • Заштита од фишинг измама. Поради двојна авторизација корисникот е заштитен дури и кога корисничкото име и лозинката се во раце на хакери.
  • Овие клучеви може да се користат за заклучување на повеќе сервиси кои нудат U2F поддршка. Google и Dropbox се дел од нив.
  • Брзо и безбедно логирање. За логирање на сервиси корисникот треба единствено да го притисне копчето на USB стикот.

За жал, и овој систем не е без недостаток. Ако корисникот го загуби клучот или ако не го носи со себе нема да може да користи ниту еден од заштитените сервиси. Дел од прелистувачите немаат поддршка за U2F, поточно најголем дел од прелистувачите. Единствено Chrome и Opera поддржуваат авторизација.

https://vimeo.com/201088517

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top