Google предупредува новинари и професори доколку се цел на хакери

Google испраќа пошта до новинари и професори со која што ги предупредува дека се цел на хакерски напади спонзорирани од држави. Портпаролот на компанијата јави дека овие пораки се однесуваат на напади од претходниот месец.

„Внимание: Google забележа дека напаѓачи поддржани од држави се обидуваат да ги украдат вашите лични податоци.“, заедно со оваа порака Google испраќа линкови со совети за можна заштита.

Дел од луѓето кои ги добија известувањата се: Пол Кругман од New York Times; Мајкл Мекфол професор на Станфорд и поранешен дипломат; Кит Олберман од GQ; Џулија Иоф од Politico, Highline и Foregn Policy; Џонатан Чаит од New York Magazine и Џон Ловет од Atlantic.

Google известувањата за обиди за хакирање ги испраќа подоцна единствено кога се неуспешни, се чини дека податоците на корисниците се безбедни. Кога профилите се преземени и компромитирани компанијата веднаш ги известува корисниците за итна промена на лозинки и податоци.

Според дел од вестите од Volexity кои ги пренесе Ars Technica станува збор за напади од минатиот месец. Станува збор за фишинг нападите направени со PowerDuke, за кои се сомничат руски хакери.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk