0 коментари 1 мин. читање 11 јуни, 2014

Хакер доби 4 години затвор бидејќи ги откри уметничките слики на Џорџ Буш

Хакерот кој ја обелодени уметноста на поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш помладиот, е осуден на четири годишна затворска казна. Марсел Лазар Лехел од Романија, во сајбер просторот познат под псевдонимот Guccifer, го проби имејлот на г. Буш за да стигне до уметничките дела. Но, покрај сликите на поранешниот претседател, напаѓачот дојде и до фотографии, лични имејл пораки, сигурносни кодови и податоци за нарушеното здравје на поранешниот претседател Џорџ Буш постариот. Иако сликите се недовршени, г. Буш ги прати до својата сестра Дороти да и покаже на што работи, а токму сликите беа централни во приказната за нападот на имејл адресата на г.Буш. Интересно, Guccifer дојде до поштата на поранешниот претседател користејќи податоци кои се јавно достапни за да одговори/ги погоди безбедносните прашања, известува Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top