0 коментари 2 мин. читање 11 август, 2015

Вашите податоци на Facebook не ви припаѓаат само на вас

Facebook мора посериозно да се позанимава со безбедноста на корисниците имајќи предвид колку и какви се податоци поседува за своите милијарда корисници, бараат безбедносните експерти, а пренесува Guardian. Една од причините за ова барање е што постои едноставен начин да се соберат корисничките податоци од Facebook скрипта која ги собира податоците преку погаѓање на телефонските броеви.

Реза Моеандин, истражувачот кој го откри пропустот успеа преку ваква скрипта да собере податоци за кои вообичаено не би требало да има пристап од илјадници Facebook корисници. Причина за ова е што основната поставка за „кој може да ме пронајде“ е оставена отворена за сите. Покрај скриптата која генерира телефонски броеви, г. Моеандин го искористи и API-то на Facebook и доби куп податоци од друштвената мрежа.

„Доколку Facebook навистина се грижи за своите корисници би требало да ги наведат во вистинска насока – на пример да обезбедат дека корисниците ќе имаат избор дали сакаат нивниот телефонски број да биде јавен, наместо ова да биде основно нагодување. Ова е како да велзете во банка да ги побарате личните податоци на корисниците врз основа на бројот на нивната сметка и банката да ви одговори, еве ги податоците…“, вели г Моеандин од Salt.agency.

Иако ја известил најголемата друштвената мрежа во април, одговорот кој го добил е дека во Facebook не сметаат дека ова е безбедносен пропуст, но сепак имаат контрола и можност да ја намалат штетата која би можела да биде предизвикана. Сепак Facebook кој има доверба од 1,5 милијарди корисници мора да се однесува поодговорно, кога се во прашање податоци кои би морале да бидат скриени.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top