0 коментари 2 мин. читање 25 август, 2011

Google овозможи споделување со копчето +1

Google пред некој ден ја прошири функционалноста на копчето +1 додавајќи ги веднаш до него сите пријатели кои кликнале на него, и со тоа овозможувајќи ви да видите што сакаат вашите пријатели. Денес, +1 се збогатува со уште поголема функционалност, овозможувајќи ви со негово кликнување да ја споделите на вашиот Google+ профил веб содржината што ви се допаѓа.

Откако беше претставено во јуни, копчето +1 може да се најде на над милион веб сајтови, со над 4 милијарди прегледи дневно. Со проширувањето на функционалноста на +1, Google ја копира моќта на Like копчето на Facebook. Се разбира Google не би бил Google доколку не направи функционалноста на +1 да биде далеку подобра од Like. Сега кога кликнувате на копчето +1, покрај тоа што на вашите пријатели ја предложувате веб содржината, ви дава можност и да одберете со кои Google+ кругови сакате да ја споделите дадената содржина. Исто така можете и да искоментирате пред да ја споделите веб содржината на Google+, за разлика од копчето Like чие кликнување веднаш ја споделува веб содржината на вашиот Facebook профил .

Проширената функционалност на копчето +1 ќе се појави во текот на неделата, но доколку сакате да го испробате новото +1 копче, тоа можете да го сторите на  Google+ Platform Preview.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top