Facebook во јуни имал 1.000.000.000.000 прегледи на страни

Друштвената мрежа Facebook во јуни и јули достигнал 1.000.000.000.000 или еден билион (ang. trillion) прегледи на страни, според податоци направени од DoubleClick, проект на Google чиј интерес на работа е онлајн рекламирање. DoubleClick ги нема споредено посетите од сајтови на Google. Според овие податоци Facebook е попосетен од YouTube, Yahoo, Live.com и Wikipedia.

Според податоците на DoubleClick, Facebook во јуни имал 870.000.000 уникатни посети, а во јули 860.000.000, бројки кои го надминуваат бројот на регистрирани корисници за 120.000.000. Ова се должи на фактот што голем број на Facebook страници се појавуваат при пребарување и се достапни за нерегистрирани корисници. Ако се земат во предвид дадените бројки, може да се заклучи дека секој корисник има отприлика 1.149 прегледи месечно. Овие бројки и не се толку големи како што изгледаат, доколку се земе во предвид дека едно отварање на фотографија се смета за еден преглед, плус да не го заборавиме и играњето игри, и посетувањето на профилите на вашите пријатели.

Според други извори, користењето на Facebook полека опаѓа со секоја измината година. Па така бројот на нови корисници во САД во јуни 2009 пораснал за 90,3%, во 2010 истиот период за 38,6%, а се предвидува дека оваа година бројот на нови корисници ќе порасне за само 13,4%.

*За да нема забуни со преводот на „билион“ на македонски од „трилион“ на англиски, Македонија припаѓа во групата земји кои мерат по долгата скала. Така кога англичаните велат за еден билион, или 10 на девета, кај нас тоа значи дека зборуваме за милијарда. Кога велат трилион за 10 на 12-та, тогаш по нашата скала тоа е билион. Повеќе инфо на Wikipedia.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments