Google Ventures oтвори канцеларија во Лондон од каде ќе ја набљудува европската стартап сцена, и ќе инвестира околу 100 милиони долари во „најдобрите идеи од најдобрите претприемачи“. Иако Европа заостанува зад САД во технолошките иновации, сепак Google вели дека има „огромен потенцијал, посебно во поголемите градоби како Лондон, Парис, Берлин, Скандинавскиот регион – од каде дојдоа SoundCloud, Spotify, Supercell и многу други“.
Google од Лондон ќе соработува со четири партнери, инвестициски фондови и ангел-инвестори, кои ќе му помогнат да ги најде најдобрите европски таленти. Иако има одделен фонд од 100 милиони долари, сепак не се знае за колку време ќе бидат потрошени тие пари. Google вели дека ќе инвестира во сите сектори и стартапи во сите фази, со цел да најдат компании кои ќе направат разлика. Но, Google вели дека инвестициите не се „стратешки“, туку целите е да добијат финансиски резултати, пишува Financial Times.
Заедно со парите од Google, и пари од други инвестициски фондови како Accel, Index и Balderton, кои посветија неколку стотици милиони долари само за Европа, европските стартапи ќе се натпреваруваат за околу 1,5 милијарди долари.
Доаѓаме до заклучок: пари има, само треба идеја и малку труд да се дојде до нив!