Monoprice microSD Adapter е едноставен начин да имате WiFi на вашиот фотоапарат и камера

Avatar img-thumbnail img-circle

во Совети

Monoprice Wi-Fi microSD Adapter е додаток кој овозможува додавање на WiFi на камерите и фотоапаратите, доколку производителот веќе не ја вклучил оваа можност во уредот. Најголемата предност на Monoprice пред конкуренцијата е едноставноста за употреба и преземање на фотографиите од фотоапаратите.

Адаптерот доаѓа без microSD картичка, а поддржува картички со големина до 32 GB. Адаптерот има вградено 802.11 Wi-Fi b/g/n радио. Адаптерот е бежичен хотспот и нема потреба од дополнителна мрежа за да се оствари преносот. Во затворен простор радиото овозможува пренос до максимална далечина помеѓу 5 и 16 метри, а на отворено од 25 до 50 метри.

Сепак едноставноста е најголема предност на уредот. Адаптерот овозможува префрлање на фотографиите преку прелистувачот без никаков дополнителен софтвер. Отворањето на фотографиите е можно на лаптоп, телефон или таблет компјутер. Цената на уредот е 35 долари, предноста покрај едноставноста, му е што може истовремено да ги сподели фотографиите на пет корисници, сепак со брзина на преземање од 1 MB/s можеби е подобро да се приклучи апаратот со кабел до лаптопот.

[youtube]BZkAy85CGm0[/youtube]

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments