Android тастатурата SwiftKey наскоро ќе биде достапна на iOS

во Мобилни

Една од најпопуларните Android тастатури, SwiftKey, наскоро би можела да се појави на iOS, но овој пат заедно со апликација SwiftKey Note. Промотивниот материјал на Twitter го сподели @evleaks. Засега нема дополнителни иформации за апликацијата, датата на нејзиното излегување или цената. Цената на Android тастатурата е 4 долари, а нема да биде изненадување и iOS цената да биде блиска до ова.

Единствено е јасно дека SwiftKey нема да доаѓа како тастатура за iPhone, бидејќи Apple не дозволува тастатури да се интегрираат во iOS. Единствено може да се користат за потребите во самата апликација, како што направи Fleksy, популарна iOS тастатура чии први соработници беа македонскиот стартап Vulpi. Ако SwiftKey сака да има поголема застапеност на iOS ќе мора да ја понуди тастатурата на останатите девелопери кои ќе можат да ја интегрираат во своите апликации.

[youtube]f9Ukb6Migl0[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments