3 коментари 2 мин. читање 23 март, 2012

Google нема да остане меѓу најдобрите засекогаш, вели таткото на Интернетот

Винт Церф не верува дека највлијателните компании кои владеат со Интернетот ќе останат на врвот долго време. Според него, сигурно на некој универзитет се наоѓа некоја нова идеја која ќе промени како ја користиме технологијата.

„Нема ништо што може да спречи некој да направи подобра технологија од тоа што го имаме и да измисли нешто помоќно и поефикасно и поефективно.“, вели г. Церф за Pocket-Lint.

Интересно, „таткото на Интернетот“, како што го нарекуваат поради дизајнирање на TCP/IP протоколот, работи токму во една од тие големи компании. Покрај разните улоги во разни владини и научни институции, Г. Церф работи како главен интернет евангелист во Google.

„Токму таа неизвесност не плаши. И тоа е добро бидејќи се обидуваме да работиме колку што е можно побрзо за да развиеме подобри алатки за пребарување со цел да останеме на првата позиција.“, вели г. Церф.

„Свесни сме дека можеби има некаде некој како Лери Пејџ и Сергеј Брин [основачитe на Google], на некој универзитетски кампус со идеја која ние ја немаме што може да експлодира на сцената и да ни го одземе бизнисот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
3 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
whoeverest
whoeverest
14 years ago

„Наожа.“
„Начинот на како.“
„Моќеби.“

Текстов има 10 реченици. Мора поинтензивно да ги барате и отстранувате овие грешки.

Виктор Дано
14 years ago
Reply to  whoeverest

Фала. Ќе се потрудиме. :)

Лагер
Лагер
14 years ago

ТО ЦАРЕ! ЅВЕР СИ

Мени
Заедница
Изглед
To top