Google+ наполни една година, претстави Events за сите свои 250 милиони корисници

Google+ утре полни една година, а на денешната I/O конференција Google oбјави дека друштвената мрежа има повеќе од 250 милиони корисници, од кои 150 милиони се најавуваат месечно, а од нив 50 отсто од корисниците или 75 милиони го користат секојдневно. Според Google, секој корисник дневно поминува повеќе од 60 минути користејќи ги продуктите на Google, додека пак најголем број на корисниците го користат својот мобилен телефон за пристап до Google+ и тие во просек поминуваат околу 12 минути/дневно.

Google денес на IO сцената го објави и Google+ за компјутерски таблети и апликацијата е веќе достапна на Google Play, додека iOS верзија ја најавуваат наскоро. Апликацијата е добро дизајнирана, а приказот на содржината е нешто во стилот на Flipboard. Исто така, доколку некоја слика има голем број на плусови, таа ќе биде поистакната од другите, односно поголема.

Новина е што Google+ сега доби и опција за настани, Events, преку која може да се објавуваат информации и фотографии пред, за време на и по настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk