Google+ Local пуштен во употреба

Google+ утрово ја објави својата нова Local алатка која им овоможува на корисниците да споделуваат и пронајдат информации за местата околу нив. Овој сервис претставува замена за Google Places и ќе користи информации од Zagat Survey, кој Google го купи во 2011 година.

Google+ Local предлозите ќе ги дава врз основа на тоа кои места ги имаат посетено вашите Google+ пријатели, како и коментарите напишани од други корисници. Сервисот нуди и филтрирање на предлозите на само од луѓето што се во вашите кругови.

„Ова е нашиот најдобар начин на искористување на информациите што ги знаеме за вас и вашите пријатели, и местата за кои би можеле да бидете заинтересирани.“, изјави Авни Шах, директор на одделот за менаџмент со продукти.

Исто така, Google+ Local ќе биде достапен за Android, а подоцна и на iOS уредите како што е iPhone.

„Секоја активност која вашите пријатели ќе ја имаат околу тие места, без разлика дали напишале коментар или прикачиле слика, тие места ќе бидат поистакнаати за вас.“, додаде Шах.

Корисничките активности, вклучувајќи ги нивните допаѓања и недопаѓања, ќе генерираат личен предлог на Google+ Local. Резултатите, исто така, вклучуваат и предлози базирани на корисниците со кои имате исти интереси. Локалите се прикажуваат во листата со своја оцена, коментари и мапа.

[youtube]NgDdwl67qNY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments