Google+ ќе има верификација на профилите за да привлече познати ѕвезди?

Google работи на план да ги привлече популарните ѕвезди на Google+ и со тоа да ја направи попопуларна мрежата, пишува CNN. Иако Google+ сè уште нема корпоративни профили кои би биле еквивалентни на Facebook фан страни, сепак се работи на начин да се верификува идентитетот на истите, како што тоа го прави Twitter, каде верификуван профил е нешто како статусен симбол.

Google одби да коментира за системот за верификација, велејќи дека „нема да споделуваме идни планови за Google+“ додавајќи дека работат на идни функционалности на мрежата која се уште е во тест фаза.

Во своите три недели од стартувањето, Google+, како затворен тест сервис каде се отварат профили само со покана на други корисници, неофицијално привлече 18 милиони корисници. Ова не е бројка за потценување земајќи го в обзир краткото време на постоење на мрежата.

Таа бројка сигурно ќе се зголеми со привлекување на моќни корисници т.е. популарни ѕвезди кои со себе ќе ги привлечат и своите фанови. Аштон Чашер, Барак Обама, Дмитри Медведев, Шекил О’Нил, и секако Лејди Гага, се корисници кои на своите друштвени профили на Facebook и Twitter имаат публика од десетици милиони. Овој наплив на популарни ѕвезди на Google+ може да се очекува бидејќи сите тие ѕвезди ја сфатија моќта на комуникација со публиката и промоција на својот бренд. Пример, Лејди Гага која е најпопуларната ѕвезда на друштвените мрежи неодамна беше гост на Google изразувајќи го својот гиковски интерес во компанијата.

Eдинствен проблем е што ќе имаме три доминантни мрежи – Facebook, Twitter и Google+. Ова значи дека промотивниот материјал и постовите кои се споделуваат имаат голема шанса да бидат copy-paste, односно да се повторуваат што може да биде спамирање за корисниците. Во моментов постои баланс меѓу Facebook и Twitter, бидејќи Twitter e 140-карактери медиум за споделување информација со подиректно комуницирање со фановите, ретвитови и одговори. Facebook од друга страна е медиум за споделување мултимедијална содржина и подолги постови. Тоа е и разликата меѓу постовите на двете мрежи, што значи дека постовите не се досадни, иако често се и повторуваат, но сепак се перцепираат во различна форма, на Twitter е линк, на Facebook е цело видео.

Од друга страна, Google+ и Facebook се копија еден на друг, повеќе Google+ на Facebook… Поентата е дека тоа што може да се сподели на Facebook може многу лесно да се ископираат на Google+ во иста форма.

Што се однесува до верификувањето на профилите, тоа може да значи дека на Google+ ќе има еден официјален профил на бренд или позната личност, наместо да има десетици разни профили и групи отворени од корисниците. Ова ќе генерира сообраќај кон брендот водејќи ги корисниците кон тој профил на бренд/позната личност.

Сепак, се зависи од функционалноста на се-уште-не-објавените Google+ корпоративните профили. Нешто ми кажува дека ќе наликуваат на Facebook фан страни.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments