0 коментари 2 мин. читање

Google ќе ги дистрибуира дигиталните верзии на Хари Потер

Насекаде во светот во тек е „Хари Потер манија“, која е предизвикана со излегувањето нa филмот The Deathly Hallows Part 2, кој воедно е последното продолжение од легендарните Хари Потер филмови. Од Google одлучија да допринесат во оваа манија најавувајќи соработка со веќе најавениот веб сајт Pottermore, кој на голема радост на сите љубители на оваа франшиза беше најавен минатиот месец од страна на авторката на Хари Потер, Ј.К Роулинг. Pottermore ќе биде лансиран во октомври и ќе има за цел да го одржи во живот митот за Хари Потер.

Сите седум тома од Хари Потер книгите ќе бидат достапни во дигитална верзија на веб сајтот Pottermore, и се разбира тука влегува во игра Google. Pottermore ќе биде интегриран со неколку Google производи, што значи дека сите Хари Потер книги ќе бидат достапни за купување од Google eBooks. Добрата вест околу оваа соработка е тоа што Google eBooks дозволува на корисниците да ги преземаат книгите на повеќе од 80 различни e-ридери. Книгите исто така ќе бидат достапни и на Google апликациите за iOS и Android.

Покрај правата за дистрибуција, Google исто така обезбеди и ексклузивни права за нивната платформа за плаќање, Google Checkout, да биде единствена преку која ќе може да се купуваат книгите.

Овој чекор на Google е одличен за примамување корисници кон своjата платформа за книги, Google eBooks, и платформата за наплање, Google Checkout.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top