0 коментари 2 мин. читање 21 јули, 2011

Facebook коментарите сега имаат видео, фотографии и преглед на линкови

Facebook воведe нова опција во коментирањето – поставување на видеа, фотографии и преглед на сајтови во склоп на самиот коментар.

Додека досега истите можеа да станат дел од коментар само преку URL кое води до посебна страница, отсега ќе можете да ги гледате видеата, фотографиите и кратки описи на сајтовите кои се линкувани, директно во самиот коментар. За оние кои сепак сакаат да го задржат стариот изглед на коментарите постои можност за остранување на оваа опција, преку едноставно кликање на Remove Preview на самиот коментар.

По сѐ изгледа дека Facebook нема баш многу време да испланира како ќе се справи со огромниот раст на Google+, па интензивно започнува серија на промени како оваа или новите chat опции, кои на прв поглед прават повеќе збрки отколку олеснувања во користењето на мрежата. Дали gif-ови и персонализација на позадините на профилите е следно што нѐ очекува од Facebook останува да видиме, се надеваме дека ова не се првите знаци кои укажуваат дека Facebook ќе го снајде судбината на MySpace.

Напишано од

Ива Дујак

Ива Дујак е македонско – српско – хрватска комбинација на маркетинг гик. Има 26 години, магистер е по маркетинг и работи во 4Ward. Паралелно е маркетинг менаџер на новиот независен театар во Скопје – Theatra, автор на It.com.mk и основач на This is Not a Social Media Blog.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top
{title}