0 коментари 2 мин. читање

Pixable ви овозможува поедноставно прегледување на Facebook фотографии

Дали некогаш сте посакале да имате поедноставен преглед на фотографиите на сите ваши Facebook пријатели? Ако одговорот е да, тогаш погледнете ги опциите што ги нуди бесплатната Facebook апликација Pixable.

Pixable е апликација која ви овозможува да ги гледате фотографиите на вашите пријатели без да морате да шетате од еден профил на друг, да разгледувате фотографии според категории, и да добивате известување кога некој ваш пријател ќе качи фотографија или пак ќе биде тагнат. Апликацијата е интегрален дел од Facebook, и користи алгоритам кој ги сортира сликите според бројот на лајкови и коментари. Според овој алгоритам, Pixable ви покажува кои слики се најпопуларни во денот, неделата и месецот, со што ви овозможува да погледнете слики кои претходно може не сте ги погледнале.

Pixable ги сортира фотографиите на вашите пријатели во најразлични категории, како на пример фотографии од вашите машки пријатели, посебна категорија со фотографии од вашите женски пријатели, како и категорија за фотографии од вашето семејство. Покрај оваа опција, апликацијата ви нуди и стрим на фотографии кои претходно сте ги лајкнале или на кои имате искоментирано.

Πокрај опцијата за лесно прегледување на фотографии, Pixable ја надградија апликацијата со можност за поедноставно прегледување на видеа. Опцијата за прегледување видеа е поделена на два дела, видеа качени на Facebook, и споделени видеа од сајтвои како YouTube или Vimeo. Истиот алгоритам кој ги сортира фотографиите, е одговорен и за сортирањето на видеата.

Во прилог можете и да го погледнете овој интересен инфографик за процесот на качување слики на Facebook, дело на тимот кој стои зад Pixable.

Напишано од

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Мени
Заедница
Изглед
To top