Откако сите поголеми производители на паметни телефони ја претставија следната генерација уреди, со слична најава излегоа и Google и Motorola. Новиот проект е наречен X Phone, а по се изгледа работното име на проектот ќе се однесува на цела линија нови телефони, јавува Android and Me.
Според најавата, X Phone ќе доаѓаат со копче осетливо на допир на задната страна, кое, според неодамна поднесениот патент, ќе овозможува внес на гласовни команди. Друга карактеристика која ќе го одделува X Phone од останатите уреди е можноста корисниците да си го „состават“ уредот. Купувачите ќе можат да ја изберат бојата на телефоните, но и дел од хардверот, на пример RAM или внатрешната меморија.
Според некој првични информации најниските спецификации на телефонот е можно да бидат слични со Nexus 4, иако најголем број од аналитичарите ја отфрлаат оваа можност. Сепак ова би можело да значи Qualcomm Snapdragon S4 – процесор, 2GB – RAМ, 4,7-инчен дисплеј, и 2.200MAh батерија. Покрај ова корисниците ќе можат претходно да порачаат инсталација на апликации, контакти, рингтонови и слично.
За разлика од останатите телефони обврската за надградба на Android, овојпат ја предзема Google, за разлика од случајот досега каде генерално мобилните оператори ја преземаа обврската. Сето ова ќе биде достапно за само 199 долари, без претплатнички пакет. Најверојатно почетокот на продажбата ќе биде околу јуни, еден месец по годишната конференција на Google – „Google I/O“, кога се очекува и најава на телефонот.







