0 коментари 2 мин. читање 18 март, 2013

Where the fuck should I go for drinks e стварно корисен сервис по ѓаволите!

Се извинуваме за вулгарниот јазик, но „Where the fuck should I go for drinks“ е навистина добар сервис за да најдете локални ресторани и барови за јадење и пиење. Не само што сервисот ќе ви препорача по случаен избор места во неколку градови од Македонија, туку и ќе ви покаже e**** мапа за како најбрзо да стигнете до нив.

Сервисот на британците Coolography е фантастично едноставен, и откако ќе се помирите со вулгарноста, фантастично корисен. На почетната страна внесувате град каде се наоѓате или пак му оставате на сервисот да ви ја најде локацијата, по што ќе би предложи локално место кое е најблиску до вас. За да најдете бар или кафана за пиење, прабарувајте тука. Ако сте гладни по ѓаволите!, пребарувајте тука. Доколку не ви се допаѓа местото, може да одберате опција „Не, тоа место изгледа како сра*е“ или „Мојата локација е погрешна“ за да добиете подобри дирекции за до тоа место.

Сервисот има и апликација за iPhone, па може да прашувате е**** прашања за локали и додека сте во движење или патување, што е и попрактично решени за да се користи овој сервис.

(фала до @Twibi за линкот)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top