Со Gmail API девелоперите имаат значително поедноставна работа кога сакаат да креираат апликации со пристап до имејл серверите. Со новите API-ја (Application programming interface) може преку апликациите да се презентираат имејл пораки од Gmail, да се испраќаат пораки, да се променат етикетите или да се пребаруваат по пораките. Според Google, Gmail API е 10 пати побрз од IMAP, но со предупредување дека не се замена за постариот протокол кој во некои случаи како испраќање на пуш нотификации остануваат незаменливи.
Тоа што треба да го овoзможи Gmail API е на девелоперите да им се овозможи едноставен начин за додавање на имеј функционалност, без притоа да имаат познавање од IMAP. „Навигацијата низ API со ваква структура е далеку поедноставно за следење“, вели Хавиер Слотеро од Acompli за Verge. Дополнително апликацијата ќе го скрати времето за креирање на апликациите кои имаат пристап до имејл, но можеби ќе ја намали компатибилноста со останатите услуги.
Една од можните примени на новото API е креирање на апликации кои ќе ја скенираат поштата на корисниците и ќе ги додаваат настаните во календарот, на пример авионски летови или конференции на кои корисникот ќе присуствува. Дел од девелоперите кои ги имплементираа API-јата во своите апликации забележаа пораст во перформансите на апликациите.
[youtube]UhdiQmS3kDs[/youtube]