По Project Shield, Nvidia работи на нова рачна конзола која ќе може да се користи како контролер за Android уреди или за стрим на PC игри на телевизор преку HDMI-порт, јави BBC.
Разликата со Project Shield е што според најавите овој пат ќе станува збор за конзола која ќе биде поевтина, па со самото тоа ќе се обидат да освои поголем пазар. За жал според првите најави иако цената на новата конзола е пониска од таа на Project Shield, стримот на телевизор ќе оди преку Nvidia GeForce Experience за кое се потребни понови и поскапи графички карти.
Добра вест е што Android игрите ќе бидат пуштани директно на уредот со помош на Tegra K1. Изворите на BBC велат дека сепак можеби станува збор за уред кој треба на останатите производители да им покаже кои се можностите на чиповите, а со тоа да ги охрабри да започнат да ги користат и во своите уреди. Nvidia засега не ги потврдува информациите, но портпаролот на компанијата најави „фантастичен нов гејминг профукт кој ќе биде оздаден наскоро“.
[youtube]X-tAZtbDZ8E[/youtube]







