Часовник кој проектира време на дланката собра над 180.000 долари на Indiegogo

0 коментари 1 мин. читање

Ritot е паметен часовник кој нaместо на екран, податоците ги презентира на дланката на корисниците. Паметниот часовник доаѓа со проектор кој на раката може да проектира најразлични податоци, од време па се до СМС пораки или пораки од друштвените мрежи. Корисникот има можност да одбере помеѓу 10 секундно прикажување на содржините или нивно постојано прикажување.

Благодарение на технологијата проекциите се гледаат и преку ден и навечер, а стартапот тврди дека нема опасност по здравјето на корисниците. Проекцијата се активира со притискање на копче или со протресување на раката. Часовникот е отпорен на вода, одговара на секоја рака, а проекцијата се менува во зависност од тоа дали го носите на лева или десна рака.

Часовникот доаѓа во два модели спортски и бразлетна, а заедно со него доаѓа и бежичен полнач за Ritot. Компанијата на Indiegogo успеа да собере 188.000 долари со што повеќе од трипати ја надмина потребната сума. Часовникот за подржувачите чини 120 долари што е 60 долари поевтино од цената за која ќе биде достапен во продавниците.

[youtube]OfmReO31grA[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top