Google го отвори кодот на својот софтвер за надоградба

во Софтвер

{mosimage}Google го отвори кодот од својот Google Update софтвер, кој засега е со кодно име Omaha. Со отворањето на кодот достапен под лиценцата Apache, развивачите кои работат на алатки за автоматска надоградба, ќе можат да го користат кодот на Google, кој исто така му овозможува на Google да издава нови надоградби и закрпи за сигурносните пропусти.

"Omaha ни овозможува конзистентно да додаваме нови опции и да ги откриваме евентуалните сигурносни пропусти и сето тоа без грижа дека тие надoградби ќе ги вознемират нашите корисници," пишува Мајлс Џордан од тимот на Google за софтверски инжинеринг, во блог пост. "Omaha ни овозможи да испорачаме 12 верзии од Chrome бета верзија во четири месеци, без барање од нашите корисници на Chrome постојано да го надградуваат својот прелистувач. Ваквата практика е доста корисна за додавање на новите опции и неопходна за сигурносните пропусти."

Понатаму Џордан објаснува дека производите на Google, вклучувајќи ги Chrome и Google Earth, сите го користат Google Update како заедничка инфраструктура за обезбедување на овие апликации секојдневно да бидат надоградени.

Отворањето на кодот ќе овозможи транспарентност и ќе им даде на корисниците поголема контрола над целиот процес, вели Џордан, бидејќи Google Update работи во позадина на компјутерот на корисникот и нема лесен начин тој процес да биде прекинат.

"Разбирливо, јасно ни е дека секој не може и не е заинтересиран да го чита нашиот код, но ние се надеваме дека оние кои ќе го прават тоа ќе потврдат за останатите дека функционалноста на Google Update е во насока да овозможи навремени надоградби на нашиот софтвер на компјутерите на корисниците", додава Џордан.

Omaha кодот на Google е достапен тука.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk