0 коментари 2 мин. читање 23 септември, 2016

Google го отвора Daydream VR за девелоперите

Платформата за виртуелна реалност на Google, Daydream VR сега им е достапна на девелоперите. Компанијата ја најави платформата на Google I/O, но виртуелната реалност не е достапна во првата верзија на Android 7.0.

Алатката за развој, Google VR SDK е достапна, иако засега користењето на алатките е со пре-регистрација. Учесниците во Daydream Access програмата, не само што ќе имаат алатки на располагање, туку ќе можат и да користат Google Play да ги издадат своите апликации пред останатите развивачи.

Google VR SDK ќе им ја олесни работата на девелоперите, па тие ќе можат да се фокусираат на развој на апликациите и на игрите. Алатката нуди поддршка за асинхроно репроектирање, „high fidelity spatialized“ аудио и интеракции за daydream-контролерот. Алатките доаѓаат со интеграција со два од најпопуларните енџини. На развивачите им е достапна интеграција со Unity и Unreal Engine 4.

Најважно, компанијата најави дека конечно ќе бидат достапни и Daydream уредите. Најверојатно ова ќе се случи на првата пригода, 4. октомври за кога се очекува  и претставување на новите телефони.

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}