Facebook сака да ги има и вашите блог постови; затоа ги редизајнира Notes

Facebook повторно ќе се обиде со Notes да се претстави како сериозна блог платформа и со тоа да му стане посериозна конкуренција на Medium. Платформата е присутна подолго време, но сега има подобар дизајн кој наликува повеќе на блог. Идејата е Notes, oдносно Facebook, да стане место каде што го пишувате својот блог пост.

Зошто Facebook ги поправа Notes откако пет години седат заборавени, сепак не е целосно јасно. Барем во моментов. Но, можеби од друштвената мрежа се задоволни од експериментот кој го направија со хостирање на содржионите на Facebook, па сега сакаат истото да го направат и со блоговите или можеби сака да стави крај на конкуренцијата од Medium кој најверојатно го одвлекува вниманието на корисниците.

Дел од корисниците кои го виделе новиот Notes велат дека наликува на Medium, а можеби токму тоа е идејата – да ги споделуваат напишаните статии на Facebook и читателите да останат на мрежата. Но, тоа ќе биде тешко да се направи бидејќи блогерите си ги ценат своите лични сајтови. Сепак, Notes е во тест фаза со новитетите како подолги текстови, насловни фотографии, тагирање на фотографии, промена на големина на слики, додавање на линкови и хаштаг, јави The Next Web.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments