Според Nielsen, американските корисници на паметнaта платформа Android повеќе користат апликации за да добијат информации и вести, да комуницираат со пријателите и да се забавуваат, отколку што го користат телефонот за да го прелистуваат и комуницираат преку мобилниот Веб. Тоа што е интересно е што Аndroid корисниците поголемиот дел од времето, над 61 отсто го посветуваат само на 50 апликации од можни над 250.000.
Според истражувањето, просечниот американски Android корисник троши 56 минути дневно на апликации и сурфајќи преку својот телефон. Од тоа време, две-третини се троши на мобилни апликации, додека една-третина од времето се користи за сурфање на мобилниот Веб. Една од причините за ова е што поради ограничувањето на брзината на мобилниот интернет и поради помалите екрани, многу сајтови креираат своја мобилна верзија која може да не е доволно атрактивна како сајтот да направи апликација преку која ќе ги дистрибуира својата содржина. Друг фактор е што многу веб сајтови преку своите апликации овозможуваат дополнителна содржина или дополнителна интеракција што едноставно ја прави апликацијата попривлечна од мобилната верзија.

Тоа што е интересно, според Nielsen, иако има над 250.000 апликации за Android, сепак многу мал број апликации го одзимаат најголемиот дел од времето. Имено, на топ 10-те апликации за Android се троши дури 43 отсто до времето кое се троши во користење на апликациите. Топ 50-те апликации на Android одземаат 61 отсто од времето кое се троши на апликациите.
Овој податок говори дека на над 249.950 апликации се троши само 39 отсто од вкупното време кое корисниците им го посветуваат на апликациите. Ова може да е вина на самиот Android пазар кој дозволува да се закачуваат секакви апликации, секако со цел Google да го стигне Apple во големината на продавниците наместо и во квалитетот на апликациите.
