0 коментари 2 мин. читање 1 јули, 2016

Apple патентира нов систем кој нема да ви се допадне

Apple презентираше патент кој овозможува блокирање на камерите на телефоните во ситуација кога до камерите ќе стасаат инфрацрвени сигнали. Иако за првпат е јавен патентот, тој не е нов, а Apple го предложил уште во 2011 година, вели BBC.

Интересно, Apple за презентацијата на оваа технологија презентираше токму скица на концерт, на можеби новата технологија е некое барање на музичарите кои сега се дел од Apple Music. Сепак иако на некои од музичарите, се сеќавате на Аксел Роуз, ова можеби и ќе им се допадне, не постои ситуација во која Apple ова ќе го презентира како добар исчекор за обичните корисници. Со оглед на тоа дека технологијата треба да биде присутна во телефонот, само корисниците на iPhone нема да можат да фотографираат.

Патентот всушност има и еден навистина кул дел, користење на истите инфрацрвени сензори за креирање на дополнителни податоци кои се појавуваат на екранот на телефонот, како своевидна проширена реалност. Така истите сензори можат да се постават и во близина на експонатите во музеите и со тоа да презентира дополнителни информации.

apple-patent-no-recording

apple-pattent-more-info

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top