Овен Вилсон и Винс Вон ќе стажираат во Google

во Свет

Овен Вилсон и Винс Вон ќе стажираат во Google. Се разбира станува збор за филмско сценарио во кое ѕвездите од „Уништувачи на венчавки“ овој пат ќе глумат стажанти во Google. Името на филмот е Стажанти (The Internship), a изборот на актерите не остава простор за сомневање дека станува збор за комедија.

Според сценариото, главните актери глумат 40 годишници кои ќе бидат отпуштени од работа, а потоа смислуваат планови како да се протнат во Google. Во интервју за Huffington Post, главната улога и сценаристот Вон изјави „Забавно е да се работи на R-рангирани комедии повторно”.

Режисер на филмот ќе биде Шон Леви, а еден од двајцата актери, Винс Вон e и сценарист на филмот. Локацијата на која ќе се снима филмот сепак не се канцелариите на Google, туку зградата и кампусот на универзитетот Georgia Tech.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments