LiquidLab е логичка загатка за Windows Phone, креирана од Стеван Митиќ, која има за цел да го натера играчот да измери одредена количина на течност во едно или повеќе шишиња, или пак да префрли меурче или топче од едно шише во друго.
Играта го освои третото место на неодамнешниот Windows Phone натпревар на Microsoft Македонија, и тоа што е интересно е што за неа се плаќа еден долар. Не сите апликации што учествуваат на натпревари наплаќат од едноставна причина што програмерите сакаат што е можно повеќе луѓе да ги симнат. Но, Стеван размислува поинаку.
„Ова е моја прва игра. :) И искрено многу ми беше интересен моментот дека jaс имам можност да продавам моја игра.“, вели Стеван. „ И поради моја љубопитност – што би било кога би било, се решив да го направам тој потег. Секако ова не значи дека LiquidLab нема да доживее бесплатна верзија. Баш напротив, наредната верзија која што планирам да ја направам, меѓу платената, ќе има и бесплатна верзија, достапна за сите!“
Стеван објаснува дека повикот да учествува на предизвик за мобилни апликации го мотивирала да ја најде најдобрата идеја. Таа доаѓа од трето одделенски математички проблеми како „Со шише од 3 и од 5 литри, како да измериш 4 литри?“, и од факторот што на пазарот немало такви игри.
„Кога подобро ја размислив идеата, сфатив дека на другите платформи нема таква игра, а од друга страна има доволно материјал за да се направи игра која што ке има повеќе нивоа/стази за да биде доволно интересна и привечна за тие што ке ја играат.“
LiquidLab во моментов е достапна за Windows Phone уредите, иако Стеван најави дека „како бивш Android корисник“ би сакал да претстави и Android и iOS верзија.
[youtube]WHKWRgXu8Ko[/youtube]

Браво Стеван! Само напред…
Поздрав од колега Танчев од ЕУ :)