Ова е уред од 30 долари кој може да ги хакне бравите на скоро сите автомобили

Изминатата недела немаше недостиг на вести кога безбедноста на технологијата е во прашање, главната причина за ова се разбира е Defcon кој се одржува во Лас Вегас. Се чини дека оваа година на Defcon во фокус на хакерите се автомобилите, поточно софистицираната електроника која во иднина би морала да биде подобро заштитена.

Сами Камкар во Лас Вегас го презентираше својот уред за чие крeрање се потребни единствено 30 долари, а овозможува едноставно крадење на возилото. Се што жртвата ќе забележи е дека првиот пат не успеале да го отклучат автомобилот, но откако тоа ќе им успее вториот пат се изгледа нормално. За жал хакерот од овој момент може да го отклучи возилото кога ќе посака. Уредот кој го овозможува ова е наречен Rolljam и е комбинација на три радио предаватели: два предаватели го блокираат сигналот, а третиот ја снима шифрата. Потребата од ова инвентивно решение е всушност одговор на менувачкиот сигнал за отклучување кој го додадоа производителите откако стана јасно дека крадците можат да ги украдат шифрите, па при секое отклучување сега се менуваат кодовите. „Трикот“ е едноставен, а генијалноста е во тоа што при вториот обид за отклучување возилото не го отклучува сопственикот, туку напаѓачот.

Уредот на г. Камкар работи на возилата од најголемите автопрозиводители Nissan, Ford, Toyota, Volkswagen се само дел од автомобилите кои можат да бидат украдени со Rolljam. Дополнително злонамерниците можат да го користат уредот и да дојдат до пристап до шифрите со кои се отвораат автоматизираните врати од гаражите, па возилото во овој случај доколку гаражата е споена со куќата може да биде најмала грижа на сопственикот, вели Engadget.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk