0 коментари 2 мин. читање 17 јули, 2013

Google е во преговори за својoт телевизиски сервис

Google ќе им се приклучи на Intel, Sony и Apple во обидот да ја префрлат телевизијата на Интернет, велат извори на Wall Street Journal. Според нив, Google веќе го презентира својот продукт, но засега нема навестување дека Google, или било кој од останатите гиганти, успеваат да се договорат со телевизиите за пренос на нивната содржина.

Иако веќе постојат компании како Netflix и Hulu, а и Amazon нуди сопствена програма, сепак Google цели кон пообемен проект кој предвидува префрлање на каналите на Интернет. Аналитичарите предвидуваат дека изборот на канали ќе биде сличен со понудата на сателитите или кабловските телевизии, односнo популарни и помалку популарни канали ќе бидат понудени заедно во исти пакети.

Засега сервисот е само најава, но доколку се реализира голем дел од традиционалните телевизии ќе мора барем да размислат да ја прифатат оваа промена. Се поголем е бројот на жители на САД кои воопшто не гледаат телевизија од класичните оператори, наместо ова се префрлаат на засега релативно скромната интернет понуда, покажува неодамнешната анкета на Nielsen.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top