Kонечно! Google Maps се достапни и за македонските iOS корисници

во Совети

Со пуштање на редизајнираните Google Mаps за десктоп и Android, Google ги објави и новите Google Maps за iOS кои конечно се достапни и на македонскиот App Store. Македонските корисници до сега немаа пристап до апликацијата, туку ја користеа мобилната веб верзија на мапите отворена преку прелистувач. Google Maps е една од најнеопходните (и најсимнуваните) апликации за iOS бидејќи мапите на Apple сè уште се ужасни за останатиот дел од светот кој не е САД.

Новите Google Maps за iOS ни донесуваат подобра персонализација со препораки за ресторани и барови од вашите Google+ пријатели. Со 2.0 верзијата Google Earth и Street View се подобро интергирани, има подобра навикација во сообраќајот, а на некои места како јавни превози во поголемите градови има и мапи од внатрешноста на објектите. За жал, Apple Maps oстануваат default мапи во други апликации.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments