2 коментари 1 мин. читање

Брзо и ефикасно создавање лажни адреси со Burner Emails

Често пати се случува да се најдете во ситуации кога не сакате да ја оставите вашата вистинска и-мејл адреса за привремена регистрација на некој веб сајт. Во спротивно, ризикувате константно да бидете бомбардирани со спам пораки, а и да ги предадете вашите лични податоци во погрешни раце. Токму поради ова се препорачува да користите лажни и-мејл адреси кога се регистрирате и најавувате на повеќето веб сајтови.

Burner Emails е алатка која ја штити вашата приватност така што се вдомува во вашиот прелистувач, кој може да биде Chrome, Firefox, Vivaldi, или Opera, и пронаоѓа полиња кои бараат и-мејл за регистрација на сајт. Секојпат кога ќе се детектира поле во која се бара и-мејл, екстензијата вметнува и-мејл адреса за еднократна употреба која препратува пораки на вашата вистинска и-мејл адреса. На овој начин, вашиот вистински идентитет е заштитен од компаниите и не мора да бидете малтретирани со несакани мејлови, туку само со неопходни пораки за верификација на акаунт или потврда за нарачка.

Во случај да го изгубите интересот во одреден сајт, лесно можете да ја оневозможите или избришете лажната адреса.

Особено нѝ се допадна тоа што Burner Emails е услуга која е апсолутно бесплатна за користење, а лажните и-мејлови кои се создаваат се уникатни и се доделуваат само за ваша употреба.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top