0 коментари 1 мин. читање 25 април, 2012

Google+ доби уште едно копче за споделување содржина

Google+ доби копоче за споделување на содржина од сајтови на друштвената мрежа. Можеби сте збунети како е ова ново копче кога веќе го има +1 копчето? Разликата е во контекстот и можноста за оставање коментар.

Google+ Share се користи за споделување содржина со можност да се додаде коментар, што е различно од +1 копчето кое се користи за „лајкување“ на содржина или резултат во пребарување.

Знам дека сите ќе прашате – Дали ова копче ќе ги заинтересира корисниците да споделуваат повеќе содржина на мрежата? Одговорот е можеби не, бидејќи Google+ сè уште не е доволно забавен, но доколку имате сајт и креирате содржина тогаш не е лошо да го додадете копчето, па можеби некој од 90-те милиони корисници на Google+ ќе го искористи.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top