ACTA ја нарушува приватноста, велат европските експерти за заштита на личните податоци

0 коментари 1 мин. читање

Европа најверојатно ќе го отфли контроверзниот трговскиот договор ACTA. Во најновиот извештај на европските надзорници на корисничката приватност (EDPS) се вели дека ACTA има „несакани последици“ врз индивидуалните права. EDPS вели дека на трговскиот договор му недостасува прецизност околу мерките кои ќе ги преземе за заштита на интелектуалната сопственост. Напротив, постои страв дека ќе се вовадеат мерки за набљудување на корисничкиот сообраќај и нивната електронска комуникација.

Во своето детално објаснување EDPS вели дека контроверзниот договор предлага мерки кои подразбираат интернет провајдерите да ги процесираат корисничките лични податоци, што е против европските закони.

„Иако e потребно повеќе меѓународна соработка за да се зајакнат интелектуалните права, мерките кои се користат не треба да се наметнуваат по цена на основните права на индивидуалците. Мора да се зачува вистински баланс меѓу битката против злоупотреба на интелектуалната сопственост и приватноста и заштита на податоците на корисниците.“, вели Џовани Бутарели, асистент на европскиот надзорник на корисничката приватност. „Се чини дека ACTA нема да биде успешна во овој поглед.

Контроверзноста на ACTA не е нешто ново, претходните протести беа токму поради стравот дека ќе се злоупотребат правата на корисниците. Сега е барем официјално.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top